Вие имате прво да ја знаете вистината

Зошто жените се дебелеат за време на менструацијата?

Хормоналните промени кои се случуваат во текот на циклусот многу влијаат на промената на тежината.

Неколку дена пред менструацијата започнуваат хормонските промени, нивото на прогестерон се намалува заедно со естрогенот. Симптомите вклучуваат зголемување на телесната тежина и замор. Покрај споменатите хормони кои се сметаат за главни виновници, еве уште некои работи кои можат да влијаат на таложење килограми за време на менструацијата.

Задржување на вода во телото

Тоа не е само чувство, водата навистина се акумулира во вашето тело во тие денови од месецот. Алдостеронот е хормон кој ја дистрибуира водата низ телото, а за време на менструацијата неговото ниво се намалува и на тој начин влијае на оваа непријатна појава.

Желба за нездрава храна

Не е тајна дека во тие денови од месецот жените често посегнуваат по нездрава храна, како чоколадо и чипс, но научниците не откриле зошто се случува тоа. Нема цврста и јасна причина, но се верува дека за тоа придонесува високото ниво на прогестерон, приближно истото се случува и во првите месеци од бременоста, тврдат научниците и додаваат дека прогестеронот може да го зголеми апетитот, но прашање е дали имаме потреба од чоколадо. Дали е тоа психолошка потреба? На телото веројатно не му се потребни овие намирници, но ние ги избираме за да се „утешиме“. Заклучокот би бил дека навиките во исхраната се менуваат за време на менструацијата.

Прескокнувате тренинзи

Да бидеме искрени – не е лесно да се мотивирате да одите во теретана додека ве мачат менструални грчеви и замор. Комбинацијата од мрзеливост и конзумирање слатки и солени грицки може да биде одговорот зошто сте се здебелиле за неколку дена.

Бавно варење

Вашите хормони (особено прогестеронот) се главните виновници за надуеност и гасови. Може да се случи цревата да работат бавно, што ќе резултира со неправилна столица, па можеби тоа е причината поради која вагата ви покажува бројка што не сте ја очекувале.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!