Музичкото шоу „Ѕвездите пеат“ наскоро ќе се врати на малите екрани, пишуваат „24 часа“. Пејачката Лидија Бачиќ (36) е во преговори со ХРТ за враќање во шоуто, а се чека конечната одлука на програмската директорка Марија Немчиќ и уредничката Марија Седмак.

Последната сезона се емитуваше пред година и пол, а Лидија тогаш требаше да настапи со Дин Котиг. Таа го откажа настапот поради короната.