Без разлика што носената облека сѐ уште може да мириса на омекнувач или дезодоранс, да нема видливи дамки и да не се потите, за новиот ден треба да се носи нова, чиста гардероба, велат експертите.
Маичката може да ја впие потта веќе при првото носење, а со тоа на неа ќе се создадат бактерии. Сето ова може да доведе до несакани последици по вашето тело, почнувајќи од акни, црвенило и слични осипи.
Според „Брајт Сајд“, доколку забележите акни на градите или грбот, а претходно не сте смениле козметички производи или диета, можеби станува збор за недоволно чиста облека. Од носената облека се ширеле бактерии и потта, кои ги затнале порите и предизвикале акни.
Покрај акните, може да се појават и повеќе иритирачки состојби на кожата, како што се осип, црвенило и чешање. Ова е особено точно кога маичката е направена од синтетички материјали, а не од памук.
Иако повеќето бактерии се должат на вашата пот, маснотии и мртви клетки на кожата, важно е да имате на ум каде сте биле со таа маица, каде сте се потпреле на предметите и што сте допреле со вашата гардероба – канцелариското биро, лифт, седиште во јавен превоз, гужви, протривање со други луѓе, …
На тие места има туѓи бактерии, кои секако не сакате да ги пренесете на вашето тело, особено не за време на пандемија. Затоа, после секое носење, дури и пократко, фрлете ја гардеробата за перење.