Вие имате прво да ја знаете вистината

Новак Ѓоковиќ ја напушти Србија, шета на дожд во Тиват, фановите воодушевени што го гледаат (Видео)

Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ по краткиот престој во Белград, каде што пристигна по депортацијата од Австралија, продолжи во Црна Гора.

Тој не останал долго во Србија, каде најпрвин дошол да се види со семејството, а на Водици бил виден во една црква во Белград каде присуствувал на литургијата.

Имено, најдобриот тенисер на светот е фотографиран во Тиват, каде има стан во елитната населба Порто Монтенегро.

Новак е виден на градскиот брег, иако врне, а излегол и да се сретне со обожавателите кои сакале да се сликаат со него.

Новак бил во друштво на неколку мажи кои имале чадори и го следеле, што можете да го погледнете на видеото.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!