Вие имате прво да ја знаете вистината

Погледнете како изгледала Џорџина Родригез пред да се заљуби во Роналдо

Деновиве повторно е во центарот на вниманието на светските медиуми бидејќи неодамна се дозна дека очекува близнаци со познатиот фудбалер Кристијано Роналдо. Дизајнерите се борат да соработуваат со неа, на Инстаграм ја следат речиси 30 милиони фанови, има се што сака, а порано живееше скромно и изгледаше поинаку.

Фаталната средба со еден од најпознатите, но и најбогатите фудбалери, Роналдо, се случи во 2016 година. Сега Џорџина Родригез патува низ светот со приватен авион и на луксузна јахта, јаде во најдобрите ресторани, купува во најскапите продавници и нејзиниот стил секогаш привлекува внимание.

Манекенката и свршеницата на Кристијано Роналдо претходно откри дека не била убава додека растела. „Кога бев мала, бев грдо пајче и се претворив во лебед. При раѓањето никој не би рекол дека подоцна ќе пораснам во убавица. Отсекогаш ми го кажувале тоа, но јас се сакам себеси таква каква што сум. Никој не е совршен, сите ние сме уникатни и тоа е посебно само по себе“, рече тогаш таа.

Додека прерасна во жена, растеше во тешки животни околности, а судејќи по фотографиите, имала поинаков имиџ. Мистериозната бринета имаше многу потенки усни и малку поширок нос. Неколку пати се шпекулираше дека била на естетска операција, дека ги зголемува градите и ги подигала очните капаци.

Како и да е, денес Џио е позната по совршено извајаната линија што би ја посакале многу жени. Фигурата ја одржува со интензивно вежбање и здрава исхрана. Иако е модерна модна икона, таа често е мета на критики на сметка на нејзиниот стил на облекување. Така беше и за време на Светското првенство во Русија, кога беше фотографирана во Москва во тренерка и краток топ.

Благодарение на љубовта со Кристијано Роналдо, таа успеа да заработи повеќе од 20 милиони фунти на различни модни договори, но и оние со Нетфликс. „Немојте да се изненадите ако некаде кон средината на следната година ја видите Џорџина на насловната страница на Vogue. Таа е убава и има одлична животна приказна, а со сето тоа, таа е нешто за кое може да се зборува“, изјави извор добро упатен во случувањата на британската модна сцена.

По насловната страница на шпанскиот Cosmopolitan, кој овој месец таа го краси на насловната страна, а за да почне да добива понуди од највлијателните модни списанија во Велика Британија, Родригез ангажираше ПР експерт од Лондон, Керолин Мекатер, одговорна за лансирање на брендот Бекам во крајот на 1990-тите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!