Вие имате прво да ја знаете вистината

СЕ ОГЛАСИ И СЗО: крајот на пандемијата не е ни блиску- можни се нови, послаби соеви

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејесус, ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронавирусот „не е ни блиску до крајот“, во услови кога некои европски земји бележат рекорден број на нови случаи поради омикрон сојот.

Тедрос на прес-конференција во седиштето на СЗО во Женева рече дека сојот омикрон предизвикал 18 милиони нови инфекции ширум светот минатата недела, пренесува Би-би-си.

Иако овој вид може да се покаже помалку сериозен, „наративот дека се работи за блага болест е погрешен“, рече тој.

Да не се разбереме погрешно, и омикрон сојот предизвикува хоспитализација и смртни случаи, а дури и полесните случаи ги преплавуваат здравствените установи – рече директорот на СЗО.

Тој ги предупреди глобалните лидери дека „со неверојатниот напредок на омикрон сојот на глобално ниво, најверојатно ќе се појават нови варијанти на вирусот, поради што следењето и евалуацијата остануваат клучни“.

Особено ме загрижуваат многу земји кои имаат ниски стапки на вакцинација, бидејќи луѓето се далеку поизложени на ризик од сериозни болести и смрт доколку не се вакцинираат – посочи тој.

Директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, предупреди дека зголемената преносливост на омикрон веројатно ќе доведе до зголемување на хоспитализирањата и смртните случаи, особено во земјите каде што се вакцинирани помалку луѓе.

„Експоненцијалното зголемување на случаите, без оглед на сериозноста на поединечните варијанти, доведува до неизбежно зголемување на хоспитализирањата и смртните случаи“, рече Рајан.

Во исто време, во Европа се забележани рекорден број случаи поради брзото ширење на соевите омикрон на Стариот континент.

Во Данска, официјалните лица вчера пријавија рекордни 33.493 нови случаи на ковид-19, додека здравствените власти во Италија регистрираа 228.179 нови инфекции, во споредба со 83.403 претходниот ден.

Франција, пак, пријави 464.769 нови дневни инфекции, четири пати повеќе од понеделникот, кога беа регистрирани 102.144.

Постојат некои рани индикации дека бранот на омикрон сојот можеби веќе го достигнал врвот во некои европски земји, бидејќи новите случаи почнаа да се намалуваат во Ирска во последните денови, а бројките на шпанската влада покажуваат дека новите инфекции се намалуваат за прв пат од почетокот бранот на омикрон сојот пред два и пол месеци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!