Уште еден срамен мурал посветен на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ е насликан во Нови Сад на улицата Милева Мариќ, во Нови Насеље, пишува 021.rs.
Се наоѓа на станбена зграда и пишува:
– Nek’ je tvojoj majci hvala (И благодариме на мајка ти), извлечено од песната Generale, nek je tvojoj majci hvala, посветена на Младиќ.
Исто така, напишано е и името на населбата каде што се наоѓа муралот – Шаренград.
Според граѓаните кои се обратиле до редакцијата на 021.рс, муралот бил сликан пред неколку дена. Нацртан е од „Србин 1389“, кој е автор на уште неколку слични мурали во Нови Сад.
Додадена е и ознаката „СК88“, што е кратенка по која се препознаваат „Српските којоти“, навивачи на фудбалскиот клуб Младост, кој се натпреварува во Првата лига на Србија.