Вие имате прво да ја знаете вистината

Што се случува? Пазарот на криптовалути крахна, Биткоинот потона, избришани милијарди!

Пазарот на криптовалути доживеа драматичен крах, со речиси 9 проценти од вредноста избришани, пишува Independent.

Биткоинот падна за 8,8 отсто во последните 24 часа. Многу други криптовалути претрпеа уште поголема штета, а ethereum падна за 11,1 отсто.

Ова се случи поради драстично зголемениот обем на тргување, веројатно затоа што луѓето побрзаа да се ослободат од своите криптовалути, кои брзо ја губат вредноста. Обемот на тргување се зголеми за 113 отсто, објави CoinMarketCap.

Неодамнешните падови значат дека биткоинот падна под психолошката граница од 40.000 долари, што некои аналитичари го видоа како важен показател за тоа колку сериозен може да биде падот.

Ова е само последен показател дека растечките стравови од „крипто зима“ навистина би можеле да се остварат. Биткоинот веќе го имаше најлошиот пад од почетокот на оваа новата година и помина низ голем број важни пресвртници.

Сегашната слаба вредност е во контраст со рекордната вредност на крајот од минатата година. Биткоинот го достигна највисокото ниво на сите времиња во ноември – речиси допре 70.000 долари – но сега е 44 проценти под тој рекорд.

Некои се надеваа дека биткоинот и другите криптовалути би можеле да се вратат како заштита од високата инфлација. Но, иако инфлацијата продолжува да расте, цената на криптовалутите паѓа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!