Абазовиќ: Не им замерувам на граѓаните, оние кои поттикнуваат омраза, а седат во фотелји, секогаш ќе кажам каде им е местото
Вицепремиерот и лидер на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, рече дека не им замерува на граѓаните за грдите зборови, туку дека секогаш ќе им кажува на оние кои, како што рече, кои поттикнуваат омраза, а седат во фотелји, каде им е местото.
– Да чекориме по патот на помирувањето и да излеземе од матрицата на минатото. Не замерувам на грдите зборови на граѓаните и го бранам нивното право да протестираат и да изразуваат незадоволство. Со години се наталожија многу неправди, па ваквата реакција е логична. Сепак, на оние кои поттикнуваат омраза, а седат во фотелји, секогаш ќе им кажувам каде им е местото – порача Абазовиќ на Фејсбук.
Тој рече дека ако имаат можност да формираат влада, тоа ќе биде влада на помирување.
– Сите се добредојдени: Црногорци, Срби, Бошњаци, Албанци, Хрвати, православни, католици, муслимани… Не е важна припадноста, туку идејата! Да излеземе од матрицата – да ја помириме Црна Гора и гледаме напред! Бидете сигурни дека Црна Гора може – заклучи тој.