Вие имате прво да ја знаете вистината

(Видео)Апсење по полициска потера во Мостар: Хулиганите совладани

Како што објави порталот „Аваза“, епилогот од конфликтот во Мостар е апсењето на три лица од Сараево по полициска потера додека едно лице е повредено.

Тројцата мажи беа уапсени во Бијело Поље, северно од Мостар, откако полицијата ги престигна и совлада.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во СУМ на Универзитетската клиничка болница Мостар, а за сега не се знае степенот на повредите со кои се здобил.

Инаку, овој конфликт се случи по пријателскиот натпревар меѓу Сараево и Љубушки, кој се одигра во тој западен херцеговски град. Според некои медиуми, оштетени се неколку приватни автомобили на навивачите на Сараево, а наводно се слушале и пукотници.

Министерството за внатрешни работи на кантонот Западна Херцеговина се уште не се огласи за овие настани.

Како дошло до конфликтот во Мостар, бидејќи навивачите на Сараево биле под полициска придружба, засега не е познато.

Наводно, дел од нив излетале од главниот пат М-17 во Житомислиќ и тргнале во друга насока кон Мостар, каде што ги пречекала група навивачи, најверојатно Зрињски.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!