Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ како Кинезите, со воз на германската Железница го урна рекордот: Го возеше “најбрзиот круг” со брзина од181 километар на час (Видео)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм профил се пофали со пробното возење на најбрзиот воз што ќе помине низ таа земја.

Најбрзо со воз низ Србија досега! Ова е нешто што останува позади нас, многу сум среќен, го соборивме рекордот-181 километар на час, ова е историја на Србија. Тест возењето со возот на германската железница за проверка на техничката оспособеност на првата делница на пругата од Белград до Нови Сад, за брзина до 200 километри на саат, стои во описот на објавеното видео.

Тооооо, вози, Браво Србине, Сите пофалби, Честитам за многу важниот успех, Само напред претседателе, време е нашата земја конечно да застане рамо до рамо со најмодерните земји во Европа, тоа се само дел од коментарите на следбениците на Вучиќ на социјалните мрежи.

Кинескиот министер за надворешни работи неодамна изјави дека неговата земја има многу добри односи со Србија и дека Кина ќе работи на продолжување на изградбата на брза пруга во Србија до границата со Унгарија. Српските власти дадоа дозвола за изградба на пруга долга 108 километри, која е продолжение на релација Белград-Нови Сад, а се протега до границата со Унгарија, јавуваат српските медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!