Најголемиот снежен лавиринт во светот се наоѓа во полскиот град Закопане.
Лавиринтот е изграден во текот на 2015 и 2016 година на површина од 2.500 метри квадратни, а оваа година капацитетот е зголемен на 3.000 метри квадратни.
И покрај влошената епидемиолошка состојба во Полска, граѓаните и туристите продолжуваат да ја посетуваат оваа атракција.
Лавиринтот е осветлен навечер, што му дава особено бајковит изглед.
