Вие имате прво да ја знаете вистината

Иран е на пат да го врати правото на глас во ОН откако ќе го подмири својот долг

Иран е на пат да го врати правото на глас во Обединетите нации, кое го загуби на 11 јануари поради преголемиот долг кон ОН, откако утрово уплати нешто повеќе од 18 милиони долари на сметката на меѓународната организација во Сеул.

„Парите се очекуваат во недела или понеделник“, изјави за Франс прес еден од изворите, кој сакаше да остане анонимен.

Според член 19 од Повелбата на Обединетите нации, секоја земја чиј долг е еднаков или поголем од придонесот што го платила во последните две години го губи правото на глас на Генералното собрание.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на 11 јануари изјави дека Иран треба да плати 18,4 милиони долари за повторно да има право на глас.

Иран минатата година го загуби правото на глас поради долг. Техеран тогаш рече дека не може да плати поради економските и финансиските санкции што му ги наметнаа САД.

По неколкумесечни преговори, на Техеран во јуни му беше дозволено да ги искористи парите блокирани во Јужна Кореја за да го плати потребниот минимален долг и да го врати правото на глас, непосредно пред изборот на новите членки на Советот за безбедност на ОН.

Годишниот оперативен буџет на ОН, одобрен во декември, изнесува околу 3 милијарди долари. Буџетот за мировните операции, кој беше издвоен и одобрен во јуни, достигнува околу 6,5 милијарди.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!