Вие имате прво да ја знаете вистината

И таа сака бижутерија, Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон носи обетки од 150 денари (фото)

Како и многу други познати личности, Кетрин Мидлтон има големо влијание врз продажбата на облека, обувки и додатоци кои ги носи за време на нејзините јавни настапи, особено кога станува збор за некој подостапен производ.

Така, при неодамнешната посета на музејот Foundling во Лондон, таа носеше обетки од британскиот бренд Accessorize, кои може да се купат со попуст за само 2,10 фунти (околу 150 денари). Очекувано, обетките се распродадоа во рекордно време.

Иако има пристап до кралската ризница во која се сместени прекрасни парчиња накит со разни скапоцени камења, војвотката од Кембриџ сепак сака да носи накит, не само во полежерните пригоди, туку и поважните.

На пример, на нејзината кралска турнеја низ Ирска во 2020 година, таа избра и обетки Accessorize и ги носеше на свечен прием за кој носеше фустан од модната куќа Оскар де ла Рента.

Војвотката уште еднаш покажа дека парчињата со пристапни цени може лесно да се надополнат со скапи, а сепак да изгледаат исто толку добро.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!