Вие имате прво да ја знаете вистината

Карневалите во Рио де Жанеиро и Сао Паоло одложени за април поради пандемија

Карневалите во Рио де Жанеиро и Сао Паоло, кои требаше да се одржат кон крајот на февруари, се одложени за април поради новиот бран на инфекција со Ковид-19, соопштија властите утрово.

„Градоначалниците на Рио де Жанеиро и Сао Паоло одлучија да ги преместат поворките на училиштата за самба“ за крајот на април „поради моменталната ситуација со пандемијата во Бразил и да се спасат животи“, соопштија властите на двата најголеми бразилски градови.

Во услови на ширење на омикронската варијанта на коронавирусот и по прославите на Божиќ и Нова Година, Бразил имаше 204.854 заразени дневно оваа недела, што е највисоко досега. Повеќе од 622.000 луѓе починале во земјата од почетокот на пандемијата.

Уличниот карневал во двата града веќе е откажан на почетокот на месецов поради епидемиолошката состојба.

Во Бразил, речиси 70 отсто од 213 милиони луѓе биле вакцинирани со две дози на Ковид-19.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!