Вие имате прво да ја знаете вистината

Крш и лом во Лос Анџелес: Шварценегер помина на црвено и предизвика верижен судар

Актерот и политичар Арнолд Шварценегер доживеа сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, потврди неговиот портпарол.

Локалната полиција соопшти дека четири возила се судриле на раскрсница во Брентвуд попладнево и дека едно лице е повредено.

На фотографиите од местото на настанот се гледа теренец кој се судрил со уште најмалку две возила, а на сликата се гледа како Шварценегер стои во близина. Неговиот портпарол потврди дека Шварценегер бил зад воланот на теренецот во моментот на несреќата.

Засега никој не е приведен, а полицијата соопшти дека никој од учесниците не бил под дејство на дрога или алкохол.

Според полицискиот извештај до кој дојде Си-Би-Ес, возачот на теренецот се наоѓал во близина на раскрсницата на булеварот Сансет и авенијата Аленфорд кога се судрил со црвен приус кој во тој момент вртел, но теренецот поминал на црвено и свртел лево, по што Приусот завршил под теренец, а во судирот се оштетени уште две возила, од кои едното Порше.

Сведоците велат дека сцената изгледала „лудо“, како некоја сцена од акционен филм.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!