Вие имате прво да ја знаете вистината

МАСК ПОЧНА ДА ТЕСТИРА МОЗОЧНИ ЧИПОВИ НА ЛУЃЕ: „ИМПЛАНТОТ Е МНОГУ БЕЗБЕДЕН И ЌЕ ГИ ИЗЛЕЧИ ПАРАЛИЗИРАНИТЕ“

Започна тестирањето на чиповите за кои Маск вели дека би можеле да им овозможат на парализираните луѓе да одат, а веќе се тестирани на мајмуни.

Неуралинк, американска невротехнолошка компанија во сопственост на Илон Маск, почна да бара клучни вработени за спроведување клинички испитувања, што укажува на неминовен почеток на тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе, пишува Гардијан.

Неуралинк објави огласи за работа за директори на клинички испитувања и координатори на клинички испитувања. Во огласите се наведува дека вработените тесно ќе соработуваат со некои од најиновативните лекари од оваа ера и врвни инженери, како и со првите учесници во клиничкото тестирање на Неуралинк.

Маск, чие богатство вреди 256 милијарди долари, минатиот месец изјави дека е голем оптимист во врска со овие проекти и тврди дека имплантите можат да им овозможат на парализираните да одат.

Тој се надева дека американската Администрација за храна и лекови ќе ја одобри употребата на овие чипови.

Мислам дека со Неуралинк имаме шанса да го излечиме и да го направиме функционално телото на човек со оштетен ‘рбет. Тоа успеавме да го постигнеме кај мајмуните и направивме многу тестови и потврдуваме дека имплантот е многу безбеден и сигурен и може безбедно да се отстрани, рече Маск.

Сепак, како што потсетува Гардијан, овој мултимилијардер кој е на чело на компаниите Тесла и Спејс Икс има долга историја на големи ветувања поврзани со Неуралинк.

Пред три години тој веруваше дека првите импланти во главата на човекот ќе бидат поставени во 2020 година, а меѓу другото тврдеше дека имплантите ќе се полнат безжично.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!