Вие имате прво да ја знаете вистината

Тивко во Ново Место Замина “Скопјанецот” и големиот вокал Аки Рахимовски: “Со голема тага ви јавуваме дека засекогаш заспа”, објавија од Парни Ваљак

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст во Словенија. Тажната вест ја потврдија членовите на групата на официјалната страница на Фејсбук.

Драги пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 22.01.2022 година, Аки Рахимовски заспа засекогаш – се наведува во соопштението со стиховите „За малку нежност ќе се согласам за се, за малку нежност можам да заспијам“.

Александар Рахимовски, попознат по прекарот Аки, е роден во Ниш на 5 јуни 1955 година година, а се прослави како фронтмен на популарната група Парни ваљак со која настапуваше повеќе од 30 години. По распадот, во 2009 година, бендот повторно се обедини и објави повратнички албум.

Иако е роден во Ниш, набрзо со семејството се преселил во Скопје. 

Аки се занимава со музика од дете. На седумгодишна возраст почнал музичко училиште бидејќи татко му бил професор по музика, а посетувал пијано и пеење. Во 1975 година се запознава со гитаристот и композиторот Хусеин Хасанефендиќ-Хус и Јурица Паѓен. Истата 1975 година во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха ја основаат првата постава на Парни Ваљак како своевидна загрепска варијанта на Бијело Дугме.

Првата постава на Парни Ваљак ја сочинуваа: Аки Рахимовски (Вокал, пијано), Хусеин Хасанефендиќ Хус (Соло гитара, акустична гитара, вокал), Среќко Антониоли (тапани), Златко Микшиќ – Фума (бас гитара) и Јурица Пајен ( соло гитара, акустична гитара).

Во својата 30-годишна кариера, Парни ваљак има издадено 16 студиски албуми, 14 синглови, 5 албуми во живо, 4 компилации и 2 концертни ДВД. Приватниот живот отсекогаш го криеше од јавноста. Познато е дека се оженил двапати, од првиот брак го има синот Кристијан, а во вториот брак ќерката Дина. Со втората сопруга бил во брак 40 години, но никогаш не се појавувал во јавност со неа. Пред две години тој доби уште една ќерка со мистериозната Словенка Барбара Весел.

Рахимовски почина во Ново Место, Словенија, откако му се слошило во саботата наутро.

Аки последните години живее во Словенија, а пред две години стана татко на девојче кое го доби со Словенката Барбара Весел .

Парни Ваљак планираа да одржат десет концерти во наредниот период, а мини турнејата требаше да започне во февруари. Пред четири години Аки доживеа благ мозочен удар по што се опорави и продолжи да настапува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!