Вие имате прво да ја знаете вистината

Хаос во Европа поради КОВИД-19 потврдите, Брисел признава: „Не можеме да го решиме овој кошмар“

Европската комисија, која досега се фалеше дека помага да се обезбеди слобода на движење во ЕУ за време на пандемијата, особено преку планот за отворање на Европа, сега се најде во ситуација кога правните толкувања повеќе не можат да дадат одговори на конкретни специфични ситуации во кои се наоѓаат граѓаните кои сакаат да патуваат од една во друга земја членка.

Разликите од земја до земја околу употребата на сертификати за ковид-19 станаа толку различни што настана вистински кошмар. Некои држави бараат сертификати и за деца на возраст над шест години, други повеќе не признаваат доказ со негативен Ковид-19 тест, а некои бараат трета „засилувачка“ доза. Австрија, пак, во меѓувреме воведе обврска за вакцинација против Ковид-19 за оние над 18 години, додека пак некои земји членки ги олеснуваат мерките.

Овие разлики доведоа до тоа граѓаните на ЕУ повеќе да не знаат како и каде можат да патуваат, и под кои услови.

Во Франција, сертификатите за Ковид-19 сега всушност се претвораат во сертификати за вакцинација. Што значи дека веќе не е доволно да се има негативен PCR тест, како што беше досега.


На сите овие прашања во Европската комисија немаат одговори освен повторување на толкувањето на законот и значењето на воведувањето Ковид-19 потврди, што беше идеја на Европската комисија.

„Европскиот Ковид-19 сертификат е замислен за можност да се патува во рамките на ЕУ, од земја до земја, а кога некој е во одредена земја, тогаш мора да ги следи правилата усвоени од нејзините власти – појаснува портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, повторувајќи дека мерките се во рамките на државните национални овластувања на тамошните влади.

На прашањето за што всушност сега служат таквите сертификати, штом различни држави бараат различни критериуми за нивна употреба, портпаролот на Европската комисија рече дека Ковид-19 сертификатите на ЕУ се само „техничко решение“, односно воведување документ кој „само го докажува здравствениот статус на една личност – вакциниран, прележан или негативен ПЦР тест“, а на властите на секоја држава е да одлучат кои права или ограничувања важат за лицата со тој статус.

Мерките што сега ги воведе Франција значат дека луѓето кои не биле вакцинирани не можат да патуваат со воз од Брисел до Париз. Значи, за француските власти повеќе не важат алтернативните критериуми содржани во Ковид-19 сертификатите (вакцинација, прележан или негативен ПЦР тест), туку само на вакцинација.

„Како Комисијата одговара на барањето на белгиски државјанин дали може да патува во Франција со потврда за Ковид-19, ако не е вакциниран?“, беше едно од прашањата.

„На француските власти е да одлучат кому ќе му биде дозволено движење, а кому не, во рамките на нивните граници. Ние не можеме, би рекол, за жал, да им кажуваме на државите членки дека сите треба да постапуваат на ист начин. За жал, немаме таква моќ како Европска комисија“, рече портпаролот на Европската комисија.


Пример за тоа како со националните мерки се создава збунетост кај граѓаните кои патуваат на одмор или на службени патувања е и Италија. Италија ја ограничи важноста на Ковид-19 сертификатот, од девет на шест месеци по вакцинацијата, и сега бара трета доза вакцинација како услов за признавање на Ковид-19 сертификатот за влез во автобуси, ресторани, хотели или музеи. Можна последица, на пример, е тоа што белгиско или холандско семејство кое патува во Италија не може да влезе во хотел затоа што нивното малолетно дете нема „засилувачка“ доза, бидејќи во Белгија тие сè уште не се даваат на деца под 18 години. Или не се стигнати на ред.

Комисијата повторува дека ги повикува земјите-членки да ја координираат и усогласат употребата на Ковид-19 сертификатот во нивните граници, со цел да се избегнат несакани компликации за граѓаните. А граѓаните ги повикуваат пред секое патување да проверат какви мерки се на сила. Ова станува сè потешко за граѓаните, а ниту Европската комисија не може сè толку брзо да проследи.

Најголемиот проблем што го спречува усогласувањето е големата разлика од земја до земја во вакцинацијата. На пример, во некои западни држави на ЕУ поголем процент граѓани ја примиле третата доза, отколку во Бугарија или Хрватска првата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!