Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ во Острог разговараше со митрополитот за неговите искушенија во Австралија, а потоа Јоакиније му подари непроценлив подарок

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го посети манастирот Острог, најголемото православно светилиште во Црна Гора, каде имаше можност да разговара со митрополитот Црногорско-Приморски г. Јоаникије.

Најдобриот светски тенисер од Митрополитот на подарок доби и икона на свети Василиј Острошки, чии мошти се чуваат во Острог.

Новак им се поклони на моштите на свети Василиј Чудотворец, а по посетата на манастирските светилишта, во манастирската трпезарија разговараше со митрополитот.

Како што беше објавено на веб-страницата на црногорско-приморската митрополија, една од темите биле искушенијата низ кои поминал Новак во последните месеци, со кулминација на тортурата низ која поминал во Австралија, од каде што бил депортиран од политичарите, и спречен да ја одбрани титулата на Австралија опен.

Митрополитот Јоаникије му посака на Новак што поскоро да се врати на теренот и да почне повторно да го прави она што го прославува не само себе, туку и својот народ и својата земја, а во спомен на оваа посета Митрополитот на Новак му подари икона на Свети Василиј Острошки како што би бил негов помошник на сите негови патишта.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!