Вие имате прво да ја знаете вистината

Јелена Карлеуша објави фотографија: Има модринки на нозете

Една од најпопуларните регионални пејачки, Јелена Карлеуша, на својот официјален Инстаграм профил објави сторија во која на своите следбеници им ги покажа последиците од нејзиниот енергичен настап во Дубаи.

Таа како и секогаш со својот изглед ги воодушеви сите присутни, а за овој настап реши да облече розев костим кој го надополни со пердуви во косата.

Дивата и ги сликала нозете, а на деловите каде што се стегале врвките имало модринки и подливи.

Таа напиша кратка порака со видеото:

– 100 проценти напорна работа.

Потсетуваме, Карлеуша неодамна го пријавила за насилство сопругот, поранешниот фудбалер Душко Тошиќ. Тој доби забрана за приближување во траење од 30 дена, а пејачката оттогаш не се огласи на оваа тема.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!