Вие имате прво да ја знаете вистината

Ако Русите ја нападнат Украина, на цела Европа и се заканува енергетски колапс

Американците разговараат со извозниците на течен природен гас (ЛНГ), а особено со Катар како најголем меѓу нив, за мерките во случај на руска инвазија на Украина бидејќи тоа може да донесе проблеми на Европа, која е зависна од рускиот гас, во снабдување со енергија. Како што се дознава, овој месец американскиот претседател треба лично да се сретне со емирот на Катар во Вашингтон, пишува загрепски Јутарњи лист.

Обезбедувањето дополнителни испораки на бродовите со LNG, како што пишува денеска „Фајненшл тајмс“, стана поитно по не многу успешните разговори меѓу Вашингтон и Москва оваа недела. Со оглед на тоа што Европа веќе се соочува со енергетска криза и екстремно високите цени на гасот во комбинација со ниските залихи во складиштата, американските власти предупредуваат дека не постои магично стапче за да се спречи потенцијалниот недостиг во случај на ескалација на конфликтот.

– Зборуваме за тоа што може да се случи на пазарот, што може да помогне – објаснува еден од надлежните. Катар, на пример, кога Јапонија беше погодена од цунами во 2011 година, го пренасочи снабдувањето со бродови со LNG во таа земја, но набљудувачите предупредуваат дека овој преседан е возможен поради кризата.

Европските земји и Велика Британија, пишува ФТ, веќе се во прелиминарни разговори со Катар за долгорочни решенија за снабдување со течен гас, а во моментов најголемиот дел од нејзиниот извоз е насочен кон Азија, бидејќи тамошните клиенти имаат потпишано долгорочни договори. Токму овој факт може да го отежне пренасочувањето на катарскиот гас кон Европа. Исто така, конкуренцијата за снабдување со гас на пазарот, односно обидите за преземање на испораките на ЛНГ во Азија, би можеле да бидат скапи и дополнително да ги оптоварат даночните обврзници во европските земји.

Како што е познато, САД ѝ се заканија на Русија со строги санкции доколку ја нападне Украина, а Русија поради некои геополитички причини ги подисклучува вентилите за гас за своите европски соседи, што ја предизвика актуелната енергетска криза. Доколку, пак, значително се намали снабдувањето со руски гас, на Европа може да и се закануваат прекини во индустриското производство, како и недостиг на струја и парно. Иако повеќето набљудувачи, пишува ФТ, не очекуваат Русија целосно да ги прекине испораките на гас, постојат стравувања дека би можеле дополнително да го намалат протокот, односно дека во конфликтот може да бидат оштетени гасоводите на Украина и другата гасна инфраструктура.

Поради несогласувањата со Европската комисија во последните години околу долгорочните договори за гас, Катар ги прекина инвестициите и испораките на ЛНГ во Европа, но преговорите за ова прашање се обновени, пишува британскиот весник.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!