Вие имате прво да ја знаете вистината

Американски магазин предвидува: САД оди кон граѓанска војна и распад, слично предвидуваат и нивните генерали!

Според Марк Кац, колумнист на порталот National Interest и професор на Универзитетот Џорџ Мејсон, во 2040 година во САД би можела да избие граѓанска војна, што би довело до распаѓање на земјата.

Како може ова да се случи?… Соединетите Држави ќе бидат во процес на демографска транзиција од претежно бело население во небело население во 2040-тите. Белите Американци, особено конзервативците, нема да се согласат доброволно да ја отстапат власта на мнозинството со поинаква боја на кожа, ќе се обидат со сила да одржат статус кво – нивна доминантна позиција во општеството – претпоставува авторот.

Како што истакна авторот, во најлошото сценарио за Вашингтон, граѓанските немири ќе доведат до распаѓање на државата. Тоа ќе им овозможи на другите големи сили да го пополнат вакуумот создаден на меѓународната сцена со падот на Америка, рече тој.

– Губењето на територија, како и колапсот на владата може да ја намали, па дури и да ја лиши земјата од способноста да дејствува како голема сила. Она што останува може да биде подредено на други земји – смета авторот.

Претходно, колумнистот на Блумберг, Макс Хестингс, напиша дека веројатноста за колапс на САД сега е многу поголема отколку на почетокот на милениумот. Според анкетите, 52 отсто од гласачите на поранешниот претседател Доналд Трамп биле за предлогот „републиканските“ држави да формираат посебни држави. Во исто време, 41 отсто од испитаниците кои го поддржуваат актуелниот лидер Џозеф Бајден имаат сличен став во однос на „демократските“ држави, наведе новинарот. Од друга страна, американските генерали во написот на „Вашингтон пост“ предвидуваа можна граѓанска војна во Америка по претседателските избори во 2024 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!