Вие имате прво да ја знаете вистината

Ардерн ја откажа сопствената свадба откако државата воведе рестрикции за 9 лица заразени со омикрон

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн ја откажа својата венчавка откако воведе нови епидемиолошки ограничувања против ширењето на омикронската варијанта на Ковид-19.

Нов Зеланд воведува правила за маски и ги ограничува собирањата од полноќ во недела, бидејќи девет позитивни случаи покажаа локално пренесување на новата варијанта.

Станува збор за семејство кое се вратило во Нелсон на Јужниот остров откако биле на свадба во Окленд на Северниот остров, но и на други настани. Членовите на семејството и стјуардесите од авионот со кој патувале се покажале позитивни.

Островската држава ќе ја одложи одлуката за попуштање на мерките од недела на полноќ, што значи се уште ќе се важи носењето маски и ограничување на собирите на 100 целосно вакцинирани лица во затворени ресторани како што се барови и ресторани и на настани како што се свадби.

Премиерката на прес-конференцијата рече дека тоа не значи заклучување и дека жителите сепак ќе можат да ги посетуваат семејството и пријателите и да патуваат низ земјата.

За нејзината венчавка таа рече дека нема да се одржи, додавајќи дека жали за секој што доживеал слично сценарио. На прашањето што мисли за откажувањето, таа рече „Таков е животот“, таа заклучи дека не се разликува од илјадници други Новозеланѓани кои претрпеле многу потешки последици.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!