Вие имате прво да ја знаете вистината

Висок луксуз, куќата изградена на карпа, со поглед кон Атлантикот кој остава без здив, чини два милиони фунти (ФОТО, Видео)

Луксузната куќа лоцирана на карпа во Корнвол во Велика Британија има неверојатен поглед на океанот и чини 1,95 милиони фунти.

Станува збор за имот наречен Гуден Хин кој се наоѓа на врвот на карпа над плажата Портрет на брегот на Атлантикот. Ова место беше бунгалов во 1920-тите, но сегашните сопственици изградија нешто навистина посебно во 2016 година во соработка со Philip Chapman Construction и CSA Architects. Станува збор за уникатна куќа дизајнирана со прозорци од подот до таванот со цел најдобро да се искористи нејзината локација и да се обезбеди поглед кон океанот. Исто така, куќата е опремена со соларни панели, кои служат за загревање на водата.

Приземјето има голем ходник, како и главната спална соба со соблекувална и бања. Има уште две спални соби, семејна бања, ТВ соба, туш кабина и работна соба. Горе има дневна соба со панорамски поглед, а голема врата води до балконот и овозможува свеж морски воздух. Има и кујна со трпезарија.

Има гаража доволна за четири автомобили, како и тревен покрив. Дел од имотот е градина, а предност секако е приватноста.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!