Вие имате прво да ја знаете вистината

Исчезнат хрватски морнар најден жив после 30 години во Шпанија: Никој не знае зошто Петар не се јавил на никој од семејството

Морнарот Петар Марчинко, кој исчезна пред 30 години од Чепикуц на самиот југ на Хрватска, е пронајден во Шпанија, каде што живее и денес.

Јавноста се уште не ја знае причината за неговото мистериозно заминување во Шпанија пред 30 години и зошто никогаш не контактирал со семејството.

Последната информација за него беше во април 1992 година, кога како 39-годишен се симна од бродот Дубровник во Хихон, Шпанија и оттогаш му се губи секаква трага.

Само 30 години подоцна, полициската управа Дубровник-Неретва неделава доби потврда од меѓународни институции со кои соработувале при проверка на документи кои неодамна се појавиле во полициската станица Стон на негово име.

ДуЛист изјави дека од Управата на полицијата посочиле дека документите ги добиле службено преку Хрватската амбасада во Шпанија и дека е потребно да се утврди идентитетот на Марчинко и автентичноста на пристигнатите документи.

По детална проверка Марчинко е пронајден жив во Шпанија.

Неговите соседи од селото Чепикуќа за него имаа само пофални зборови, пишува Блиц.

– За мене како момче беше прва лига… Ние сме од исто село, што се вели делев цигара со него. Ниту бил оженет, ниту имал деца. Има четворица браќа, двајца се починати, а двајца се живи. Едниот е во Канада, другиот во Франција. Сакаше да им помогне на сите, никогаш никому не должел. Можам да кажам се најдобро за него, никогаш не сум слушнал дека имал проблеми со некого и сите ќе го кажат тоа. Никој нема за што да се жали. Беше одличен, премногу добар, мирен, изјави еден од нив.

Според зборовите на еден сосед, Петар требало да се качи на брод за Канада за да оди кај својот брат, но поради некоја причина изгледа не го сторил тоа, туку се симнал во Шпанија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!