Вие имате прво да ја знаете вистината

Кралот на подземјето на слобода? Јоца Амстердам бара укинување на затворската казна, страв од “Балканскиот Сопрано”!?

Сретен Јоциќ, попознат како Јоца Амстердам, кралот на подземјето, наскоро може да биде ослободен, доколку судот така одлучи.

Имено, тој поднел барање за обновување на постапката до Вишиот суд за случајот Олимп во кој беше осуден за поттикнување на убиството на Горан Марјановиќ или Гокси Бомбаш и Душан Крстиќ или Дуца од Олимп.

Марјановиќ е убиен на 18 јули 1995 година во кафуле лоцирано во рамките на спортскиот центар Олимп во Звездара. Заедно со Марјановиќ загина и неговата девојка Јелена Ѓорѓевиќ, додека тројца гости на кафулето се тешко повредени. За сторено кривично дело Бојан Милосављевиќ и Миодраг Продановиќ се осудени на по дваесет години затвор, додека Јоца за поттикнување доби петнаесет години.

Кралот на белградското подземје бара укинување на издржувањето на казната, како и да се брани од слобода во овој случај. Во текот на овој процес, како што објавија медиумите, Крстиќ не бил сослушан бидејќи бил во затвор во Австралија.

Сопругата на Јоциќ, Вера Милосављевиќ, потврди дека нејзиниот сопруг поднел барање за обновување на постапката за случајот Олимп.

Точно е, мојот сопруг кон крајот на декември поднесе барање за обновување на оваа постапка. Се надеваме дека вистината конечно ќе се утврди, бидејќи според сите докази што ги презентираше пред надлежните органи во текот на судењето, мојот сопруг нема никаква врска со поттикнување на тоа за што е осуден. Верувам дека овој пат случајот ќе се реши – изјави таа за белградски Курир.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!