Вие имате прво да ја знаете вистината

Легендарниот Британец му порача на тенискиот свет: Се чувствува отсуството на светскиот рекет број еден!

Поранешниот најдобар британски тенисер, Грег Руседски, го коментираше денешниот дел од Австралија опен, но и отсуството на Новак Ѓоковиќ од Грен слем турнирот во Мелбурн.

Грег Руседски наведува дека првиот Грен слем сезонава не е ист без српскиот тенисер

– Одлично е да се види колку квалитетен тенис има на Австралија Опен. Но, морам да кажам дека се чувствува отсуството на првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од машкиот дел од ждрепката, напиша Грег Руседски на својот Твитер профил.

Руседски освои 15 титули во текот на кариерата, но најголем успех во кариерата му беше финалето на УС Опен во 1997 година, во кое беше поразен од Австралиецот Патрик Рафтер.

Најдобар пласман во кариерата му беше четвртото место на АТП листата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!