Вие имате прво да ја знаете вистината

Погледнете ја луксузната вила од 10 милиони Евра на Новак Ѓоковиќ (видео)

Новак Ѓоковиќ долго време не живее со семејството во родната Србија. Иако татко му Срѓан не крие дека би сакал синот да се врати во татковината, сепак тенисерот поминал 15 години со сопругата во Монте Карло, а во декември 2020 г. се преселил во Марбела, Шпанија.

Таму Ѓоковиќ купил вила која, според шпанските медиуми, вреди 10 милиони евра, а нивната резиденција е достојна за кралеви. Вилата, која прво ја изнајмиле, има девет соби, осум бањи, надворешен и внатрешен базен и посебни области за рекреација и гости.

Покрај собите кои имаат билијард и пинг-понг, куќата има и кино сала, како и теретана во која Ѓоковиќ ја одржува кондицијата кога престојува во Марбела. Што е најважно, вилата има и тениско игралиште каде Новак вредно тренира додека е на одмор.

Дел од ентериерот тој и Јелена повремено прикажуваа на социјалните мрежи, особено за време на карантинот за време на пандемијата.

Вилата е опкружена со голем двор со палми, и таа е на пет минути возење од центарот на Марбела, но е во природа и има спектакуларен поглед на морето и планините.

Според Телеграф, ова не е единствената куќа што ја поседува Новак, туку тој е сопственик на станови на некои од најлуксузните локации во светот.

Покрај станот во Монте Карло, има два стана во Менхетен, Њујорк, како и апартман во Мајами. Американските медиуми пишуваа дека Новак издвоил пет милиони евра за две станбени единици во Њујорк, додека за стан во Мајами платил шест милиони евра.

Во родниот Белград тој има пентхаус од 250 метри квадратни во елитната населба Вест 65, за кој Телеграф соопшти дека платил 545.000 евра и вила од 1.200 метри квадратни во Срем кај Павловачкото езеро, која се уште е во изградба.

Ѓоковиќ поседува и стан во елитната населба Порто Монтенегро во Тиват, а наведената вредност на тој стан е околу 2,2 милиони евра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!