Вие имате прво да ја знаете вистината

Познат ММА борец избоден до смрт во Бразил

Мајкл Фалкао, познатиот ММА борец, синоќа беше избоден со нож по што почина. Според бразилските медиуми тој веднаш бил префрлен во болница, но во текот на ноќта ја загубил битката за животот.

Според тамошните медиуми, Фалкао влегол во конфликт со непознато лице пред кафеана.

Овој бразилски борец имаше 60 професионални борби, а забележа 40 победи и 19 порази.

Се борел во некои од најголемите ММА организации во светот како UFC, KSW и Bellator, а неговите последни настапи биле во српскиот SBC.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!