Вие имате прво да ја знаете вистината

Симбол на слободата и знак кој ги руши границите: Сезоната на Водолија започна и на овие знаци ќе им донесе најмногу среќа

Сезоната на Водолија започна. Сонцето се приближи до овој воздушен знак на Зодијакот и ни носи нови авантури, но и предизвици и лекции.

Сонцето во знакот Водолија е од 21 јануари до 20 февруари и ни носи засилена и сосема поинаква енергија од онаа што ја чувствувавме за време на владеењето на Јарецот.

Водолијата е симбол на слободата, знак кој ги руши границите, и секој ден доживува нова авантура. Се чува и негува себеси, својата душа и принципи и ќе ја разбуди силата и ентузијазамот и кај вас.

Водолиите се претставени на два начина: од една страна како срамежливи и смирени, а од друга страна можат да бидат ексцентрични и енергични. Во двата случаи има длабоки мислители кои сакаат да им помагаат на другите луѓе.

Високо интелектуално, ова е знак на огнена независност од која произлегува интуиција проследена со логика. Двата типа на личност се многу способни да ги видат, без предрасуди, двете страни, што ги прават луѓе кои одлично ги решаваат проблемите.

Иако се многу приспособени на енергијата што ги опкружува, Водолијата има длабока потреба да биде извесно време сама и далеку од се за да ја обнови својата енергија. Клучниот збор за овој знак е имагинација. Луѓето родени во знакот Водолија можат да видат свет полн со можности, иако се чини дека тие не постојат.

Уран, владејачката планета на Водолија, има плашлива, нагло и понекогаш агресивна природа, но на Водолијата и дава визионерски квалитети , тие се способни да навлезат во иднината и точно знаат што ќе направат за пет или десет години. Уран им ја дал моќта на брза и лесна трансформација, па затоа се попознати како мислители, прогресивци и хуманисти.

Еве кои знаци на Зодијакот имаат најголема поддршка од ѕвездите за време на владеењето на Водолија – придружени со добра енергија и среќа:

ОВЕН

Ова е период на социјално поврзување и стекнување нови пријатели. Изминативе месеци станавте свесни каква е вашата околина. Многу луѓе исчезнаа од вашиот живот со причина, но сега е време за нови познанства и добра енергија.

Научивте да гледате во туѓи очи и сте направиле штит од стрели од токсична енергија. Ослободени од егото, создавате нов круг на луѓе кои внесуваат светлина во вашиот живот, а тоа може позитивно да влијае на вашето поле на љубов.

РАК

Владеењето на Водолија е периодот во 2022 година кој ви носи посебна леснотија и убава енергија. Исчистете ги вашите емотивни обрасци и подгответе се да се ослободите од потиснатите чувства и повторно да ја прифатите слободата. Сонцето во Водолија влијае на вашата осма куќа на приватниот живот и интимноста.

Сега се решаваат многу тајни и кармички заплетки. На патот кон ослободувањето и емоционалната детоксикација, ве очекуваат убави промени и изненадувања – прифатете ги.

ВОДОЛИЈА

Среќен роденден, драга Водолија! Во овој дел од годината вие сте главна ѕвезда, а светлото Сонце ви носи развиена емпатија и шанса да направите нешто големо и добро.

Овој месец, многу Водолии ќе сакаат да се посветат на хуманитарна работа и да сфатат колку е исполнето да им се помага на другите. Создавањето круг на добри дела е вашата мисија за следниот месец.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!