Вие имате прво да ја знаете вистината

Што се крие позади името ПАРНИ ВАЉАК? еве како славниот бенд на Аки Рахимовски го доби името

Легендарниот музичар Аки Рахимовски, кој почина на 67-годишна возраст, со децении пееше во една од најзначајните групи од поранешна Југославија – Парни Ваљак. Хусеин Хасанефендиќ Хус еднаш откри како овој бенд, познат по хитовите како “Есен во мене”, “Мојата песна е лагана” и многу други го доби своето име.

Тоа е долга приказна и раскажана толку пати и јас не можам да ја прераскажам без повторување. Нема кратка верзија, а на долга и е потребна книга. Всушност се започна во 1975 година со средба на Бум фестивалот во Загреб, Аки со неговиот бенд, а јас со Групата 220. Набргу потоа имавме свој бенд и еве сме тука уште заедно. Во тоа време беа во мода такви имиња, иако ние така се нарековме по песната “Јас сум парни ваљак” која ја напишав уштте во Групата 220, а беше првата што новиот бенд ја вежбаше и подоцна ја сними како прв сингл – рече Хус и додаде:

Мислам дека пресвртница во мојата кариера беше објавувањето на албумот Градски приказни со песната “Страница од дневникот”. Таа беше голем хит и одеднаш сите во концертните сали пееја со нас. Фантастично чувство и сигнал дека сте успеале. Само вистински подвиг е во опстојувањето – изјавил Хус за домашните медиуми пред неколку години, а пренесува Курир.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!