Вие имате прво да ја знаете вистината

Бекер: Огромна одлука пред Ѓоковиќ, Надал најмногу профитираше во Мелбурн

Борис Бекер, легендарниот тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, истакна дека отсуството на српскиот тенисер на Австралија опен ја промени динамиката на турнирот и дека од тоа најмногу може да има добивка Рафаел Надал.

Поради депортацијата од Австралија, Ѓоковиќ не се најде на првиот Грен слем сезонава. Во Мелбурн требаше да го одбрани трофејот и да го нападне рекордниот 21. од категоријата Грен слем. Моментално ги има 20, а исто толку имаат и Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Без Ѓоковиќ турнирот не е ист

– Неиграњето на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен ја наруши динамиката на настаните, на ист начин како што неиграњето на Рафаел Надал ќе го смени Ролан Гарос.

Одеднаш играчите почнуваат да ги прилагодуваат своите соништа и очекувања, а тоа можеби го видовме преку неочекуваниот пораз од Александар Зверев, еден од фаворитите на турнирот.

Надал е тој што може најмногу да има корист од се бидејќи е во четвртфиналето – истакна Бекер во колумна за „Дејли експрес“.

Потоа следеше преглед на ситуацијата на Новак и што може да го чека подоцна во сезоната бидејќи тој не е вакциниран против коронавирусот.

– Кој пред еден месец мислеше дека Шпанецот може да биде пред Ѓоковиќ и Федерер со 21-та титула? Тоа е уште една причина зошто Новак е пред голема одлука.

Без ревидирање на старите аргументи, ќе ги одмери фактите дека сега станува многу потешко за невакцинираните луѓе да продолжат со нормален живот, а камоли да играат меѓународни турнири. Искрено, не знам што ќе избере – додаде легендарниот тенисер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!