Вие имате прво да ја знаете вистината

ВЕЗУВ ПЛАЧЕ ОД ТАГА: Почина фудбалскиот татко на Марадона и Кристијано Роналдо!

Прославениот поранешен тренер на Наполи, Џани ди Марсио почина утрово на 83-годишна возраст.

Тажната вест ја потврди неговиот син и познатиот трансфер гуру Џанлука ди Марсио.

Да потсетиме, Џани ди Марсио се прослави по откривањето на исто така покојниот Диего Армандо Марадона, но и првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо. Ги следел и во нив забележал нешто што другите не го забележале. Беше тренер на голем број клубови, но најдлабока трага остави во Неапол.

Беше одличен татко, ме научи на се и сигурно нема да бидам единствениот на кој ќе му недостигаш – напиша Џанлука ди Марсио во прошталната порака до Џани на Твитер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!