Вие имате прво да ја знаете вистината

Во експлозија во фабрика во Шимановци во Војводина, загинаа двајца работници, а еден е повреден

Несреќа се случила утрово во 8.40 часот кај фирмата Агросава во Шимановци во Војводина, Србија, дознава Нова.рс.

Имено, под притисок на водена пареа, бојлерот експлодирал и двајца работници загинале, додека еден е повреден, потврдија од Нова.рс.

Според Танјуг, повредениот работник не е во животна опасност.

За време на несреќата немало пожар или експлозија на гас.

Компанијата Агросава се занимава со производство на производи за заштита на растенијата од 1990 година со локација во Белград.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!