Вие имате прво да ја знаете вистината

Зеленски: Ситуацијата на истокот на Украина е под контрола, нема потреба од паника

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ситуацијата на истокот на земјата е под контрола и дека нема потреба од паника, јавува Anadolu Agency (AA).

Зеленски присуствуваше на седницата на Советот за безбедност на која се разговараше за тензиите со Русија. Во видео пораката објавена на социјалните мрежи по средбата, Зеленски рече дека се „подготвени на се“.

– Властите работат на целосно намалување на тензиите. Ние стоиме покрај нашите партнери, дипломати и што е најважно, нашата армија. Тие се најдобри од нас, нè штитат сите нас, а ние треба да ги заштитиме нив, да останеме смирени и да не викаме „сè ни снема“. Ситуацијата во источна Украина е под контрола, нема потреба од паника – рече тој.

Олески Данилов, претседател на Националниот совет за одбрана и безбедност, по седницата повтори дека ситуацијата во источна Украина е под контрола.

Повикувајќи ги јавноста и новинарите да останат смирени, Данилов рече дека „моменталната ситуација е јасна, нема причина за паника. Ги молам сите да останат смирени. Ситуацијата е апсолутно под контрола“.

Потсетувајќи дека руската закана за инвазија на Украина постои од 2008 година, Данлиов исто така рече дека „ситуацијата не се разликува од минатата година. Денеска имаме нова генерација граѓани кои не знаат што е Советски Сојуз, и кој Ленин. Живееме во поинаков свет и тоа ја загрижува Русија.“ Имаат многу малку време да го решат овој проблем. Свесни сме и дека биолошкиот часовник и на Путин и на Руската Федерација отчукува”.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!