Вие имате прво да ја знаете вистината

Ибра направи хаос на конференцијата: Застана во одбрана на Ѓоковиќ, новинарот го праша за вакцинацијата и доби брутален одговор…

Владата на Австралија одлучи да не му дозволи на Новак Ѓоковиќ да ја брани титулата во Мелбурн, што наиде на контроверзни реакции ширум светот.

Меѓу оние кои го кренаа гласот за овој потег на Австралијците е и фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Легендарниот Швеѓанец и голем пријател на Новак во интервју за француски „Журнал ду диманше“ изјави дека е вакциниран, но дека тоа не е истата ситуација како со Ѓоковиќ.

На прашањето за вакцинацијата, тој најпрвин возврати со контра-прашање:

„Зошто се вакциниравте?“ – го праша Ибра новинарот.

Следуваше одговорот:

„За да се ​​заштитам себеси и сите околу мене“, му одговорил новинарот.

Тогаш Златан го објасни својот избор и направи паралела со Ѓоковиќ.

„Вакцинацијата од здравствени причини не е исто што и вакцинацијата за да можеш да играш тениски турнир. Луѓето кои се вакцинираат, го прават тоа затоа што веруваат дека тоа е најефективниот начин да се заштитат од заразата. Но, секој има свое мислење. Луѓето не треба да се принудуваат да се вакцинираат за да можат да си ја вршат работата. Јас се вакцинирав затоа што верувам дека тоа е најдобриот начин да се заштитам себеси, а не за да можам да играм фудбал. Тоа се две сосема различни работи“ – истакна Ибрахимовиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!