Вие имате прво да ја знаете вистината

САД им нареди на семејствата на вработените во амбасадата да ја напуштат Украина: „Ги советуваме и другите Американци да го сторат истото“

САД во неделата објавија дека наредиле на членовите на семејствата на вработените во амбасадата во Украина да се вратат во САД, повикувајќи ги сите американски граѓани да размислат за заминување поради заканата од руска воена акција.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека го одобрил „доброволното заминување на американските државни службеници и наредил заминување на членовите на нивните семејства од амбасадата во Киев поради континуираната закана од руска воена акција“.

Американските граѓани во Украина добија совет да размислат за заминување.

„Граѓаните на САД во Украина треба да размислат за заминување без одлагање, користејќи ги можностите за комерцијални или други приватно достапни опции за превоз“, соопшти Стејт департментот во неделата навечер во информациите за патување.

Амбасадата на САД во Украина објави дека се консултирала со украинската влада за овој потег и дека ги координира чекорите со сојузниците и партнерските амбасади во Киев за да се утврди нивната позиција.

„Русија може да изврши воена акција во секое време и американската влада нема да биде во позиција да ги евакуира американските граѓани во таква криза, затоа (…) тие мора да се подготват“, се вели во соопштението на амбасадата.

Амбасадата во Киев е се уште отворена, а вршителот на должноста, Кристина Квиен, останува во Украина, соопштија претставници на Стејт департментот.

Граѓаните во САД, министерството ги советува да не патуваат во Украина „поради зголемената закана од руска воена акција и Ковид 19“. „Бидете на висока готовност во Украина поради криминал и немири. Ризикот е зголемен во одредени области“, се вели во соопштението.

На прашањето зошто одлуката за повлекување на членовите на семејствата на вработените во амбасадата е донесена токму сега, Министерството го цитираше минатонеделното предупредување од Белата куќа за можна руска инвазија на Украина. Москва постојано ја отфрла таа можност, забележува агенцијата ДПА.

Висок претставник на Стејт департментот зборуваше на телеконференција со новинарите за „превентивни мерки“, според ДПА.

„Њујорк тајмс“ во неделата навечер објави дека претседателот Џо Бајден размислува да испрати неколку илјади американски војници во НАТО сојузниците во Источна Европа и Балтикот.

Пентагон одби да го коментира извештајот на NYT, но истакна дека нивниот портпарол, Џон Кирби, во петокот рече дека „ќе се погрижиме да подготвиме опции за да ги смириме нашите сојузници, особено од источното крило на НАТО“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!