Вие имате прво да ја знаете вистината

Убиецот од Хајделберг го најавил своето злосторство на WhatsApp: „Некои луѓе треба да бидат казнети сега“

Напаѓачот, кој денеска уби едно и повреди три лица на Универзитетот во Хајделберг, претходно го најавил своето злодело преку комуникациска платформа, соопшти полицијата на прес-конференција вечерва во Хајделберг.

„Непосредно пред злосторството, 18-годишниот сторител кажал на група на WhatsApp дека сега „некои луѓе треба да бидат казнети“, рече Зигфрид Колмар, шеф на полициската управа во Хајделберг.

Во истата порака, насилникот изразил желба да биде погребан на море.

Полицијата ги отфрли шпекулациите за мотивот за злосторството, но претходно ги отфрли политичките и верските мотиви.

„Во моментов тргнуваме од тоа дека се работи за психичко растројство или љубовна драма“, изјави еден претставник на полицијата.

Истражните органи најавија дека во наредните денови ќе ја интензивираат истрагата за непосредното опкружување на сторителот. Како што беше соопштено, станува збор за Германец од блискиот Манхајм кој и самиот бил студент и претходно не бил казнуван.

18-годишникот утрово влегол во предавалната на Факултетот за наука на Универзитетот во Хајделберг со две пушки, од кои едната сачмарка и пукал во четири лица, од кои едното починало во текот на денот.

Полицијата претпоставува дека се работи за намерно убиство на едно лице бидејќи сторителот, и покрај тоа што поседувал многу повеќе муниција, не продолжил да пука.

Според првите информации, насилникот го набавил оружјето во странство.

Политичарите во градот со најстар универзитет во Германија изразија зачуденост од ваквиот чин.

„Не само што останавме без зборови, туку едноставно не можеме да веруваме дека вакво нешто може да се случи во нашиот Хајделберг“, изјави Екарт Вирцнер, градоначалник на овој град во јужна Германија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!