Вие имате прво да ја знаете вистината

ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ! Вака изгледа затворската ќелија на МАСОВНИОТ УБИЕЦ, се закани со штрајк со глад ако не добие Плејстејшн 3, се жали дека од пенкалото ќе добие реуматизам (видео)

Додека Андерс Беринг Брејвик, кој го изврши најсмртоносниот напад во норвешката историја, бара намалување на казната, некои велат дека неговиот третман во затвор е премногу благ.

Брејвик (42) има три соби во ќелијата и времето го поминува во затвор играјќи видео игри, гледајќи телевизија, вежбајќи и посетувајќи курсеви, објави АП, а пренесува Нјузвик.

Борген, непрофитна организација посветена на борбата против глобалната сиромаштија, објави дека ова е вообичаено за норвешкиот затворски систем, кој повеќе се фокусира на рехабилитација отколку на казнување.

Покрај компјутерите, Брејвик има и свој телевизор и Плејстејшн 2, па се закани дека ќе штрајкува со глад доколку не добие Плејстејшн 3, пишува АФП во 2014 година, пренесува Мондо.

Брејвик се жалел и на квалитетот на хемиските пенкала.

„Ако теоретски е можно да се развие ревматизам, убеден сум дека хемиско пенкало може да го предизвика. Тоа пенкало е ноќна мора и јас сум исфрустриран со неговата употреба“, пишувало во писмото на Брејвик што го објави Њујоркер.

Во рамки на неговите три затворски ќелии, Брејвик може да пере алишта и да готви. Тој дури направил и колачи од мед за затворскиот натпревар, објави Би-Би-Си.

Исто така, има пристап до весници, може да шета во дворот и има право да телефонира.

Според извештајот, многу норвешки затвори ги забранија затворските решетки, дизајнирајќи ќелии да изгледаат како соби во студентски дом. Тие обезбедуваат и „голем број програми и курсеви кои можат да се најдат во традиционалните рекреативни центри“.

Норвешка, исто така, забрани доживотни затворски казни, со што максималната можна затворска казна е 21 година. Меѓутоа, постои додаток на правилото што им дозволува на властите да ги продолжуваат казните во интервал од пет години за оние за кои сметаат дека би претставувале опасност за општеството доколку бидат пуштени на слобода.

Некои луѓе, особено оние кои го преживеаја нападот на Брејвик, рекоа дека поради природата на неговото злосторство, тој не треба да ги има истите привилегии како другите норвешки затвореници.

Брејвик активираше бомба во Осло во 2011 година, при што загинаа осум лица. Набргу потоа, тој се упатил кон островот Утоја, каде што отворил оган во летен камп на младинското крило на Норвешката Лабуристичка партија, убивајќи 69, од кои повеќето млади. Тој доби максимална казна од 21 година и побара условна слобода оваа недела.


Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!