Јавна онлајн дебата на ДКСК: „Интегритет во високото образование – Поттикнување на борбата против корупцијата“
Државната комисија за спречување на корупција денеска ќе одржи онлајн јавна дебата на тема „Интегритет во високото образование – Поттикнување на борбата против корупцијата“.
Дебатата ќе ја води претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, а воведни обраќања ќе имаат министерот за образование Јетон Шаќири, Наумче Мојсовски директор на Агенција за млади и спорт и претседателот на Младински образовен форум Петар Барлаковски.
–Ова е прва од серијата онлајн тематски дебати за подигање на свеста за важноста од етичко однесување и интегритет и за достапните алатки за спречување и пријавување на корупција и судир на интереси, како и презентирање на моделите на превенција и санкционирање на корупцијата од самите институции пред младите и нивно поттикнување и едуцирање да препознаат и соодветно да реагираат, велат од ДКСК.
Прашањата за кои ќе дискутира се механизмите и моделите што се применуваат за следење и влијание врз намалувањето на корупцијата и судирот на интересите, етички кодекси и други пишани рамки кои насочуваат во одреден правец, дали се дискутира со студентите за овие теми и дали се направени активности за подигнување на свеста кај студентите и вработените, како и за тоа дали се преземаат конкретни чекори за пријавување на корупција.
Дебатата е дел од проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација на Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.