Вие имате прво да ја знаете вистината

Вдовицата на Шабан, Гордана Шаулиќ открива детали од судењето: Беше многу стресно, се трудев да не го гледам Левент…

Три години по сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а тешко повреден беше Слободан Стојадиновиќ, во Гитерсло се одржа судењето на Турчинот Алсин Левент.

Левент е осуден на три години и 3 месеци затвор, а вдовицата на Шабан, Гордана Шаулиќ, на ТВ Прва прозборе за оваа, за неа болна тема.

-Всушност, тоа ќе бидат три години, бидејќи три месеци беше во истражен затвор. Ако ситуацијата беше обратна, ќе беше поинаку. Три години чекање и мачење, агонија, средба со таа личност… Имал дрога и алкохол во крвта, а не невнимателно возење. Не би сакала да кажам ништо грдо – рече Гордана, а потоа зборувала за судењето.

-Тоа беше мала просторија, влезе човекот со капа, носеше маска, држеше книга пред лицето, се трудев да не го гледам, не сакав да го запомнам тој лик. Тој ја призна вината, возел 160 километри на час, а дозволено е 80. Толку е срамота. Ништо не нѝ значи таа казна, но тој веќе три години шета, пие, јаде, живее нормално, додека овие двајца луѓе ги нема.

Таа изјавила дека било многу стресно, и дека како семејство повеќе нема да се појавува на тие рочишта. Кажала дека ќе се бори, дека ќе продолжат со својата болка, и додаде дека Стојадиновиќ останал инвалид.

На тој кобен 17 февруари ја имавме најтоплата поддршка од претседателот Александар Вучиќ, Ивица Дачиќ и Александар Вулин. Нѝ помогнаа околу административната процедура која беше исклучително тешка и нѝ ја олеснија максимално. Во име на целото семејство и во име на милиони фанови на Шабан, бескрајно сум благодарна – изјави Гордана.

Таа вели дека Шабан ѝ недостига секој ден, а се присетила и на денот кога се запознале.

Пораснавме и остаревме заедно, со сите бури и олуи. Секогаш имавме брод што знаеше каде е неговото пристаниште. Одгледавме три деца, тоа е нашиот најголем успех. Си бевме ветар во грб. Мојот живот беше Шабан, неговиот живот и неговата кариера. Сè што правеше, го правеше најдобро. Имав 17 години кога се запознавме. Беше малку проблематично затоа што бев едно дете во семејството. Тој во тоа време веќе многу пееше – се присети Гордана, вдовицата на Шабан, пренесува Телеграф.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!