Вие имате прво да ја знаете вистината

ГЕЈ АФЕРАТА ГО ТРЕСЕ СРПСКИОТ ФУДБАЛ! Двајца репрезентативци се во СЕКС ШЕМА, а еден се гледа со наследникот на успешен бизнисмен! Јавноста е во ШОК!

Двајца српски фудбалски репрезентативци се бисексуалци и веќе извесно време се во геј врска, ексклузивно објави белградски Курир.

И двајцата ја кријат својата склоност кон истиот пол, а како параван служи тоа што во јавноста се претставуваат како примерни, семејни луѓе. Но, тоа не е се. Едниот со години е во шема со синот на сопственикот на голема компанија кој исто така се занимава со фудбал.

Овој геј љубовен триаголник го разоткри сопругата на еден од фудбалерите кога на заедничко патување случајно наишла на нивните пораки, како на Инстаграм, така и на мобилните апликации Вибер и Вацап.

Овој секс скандал меѓу двајца спортисти и син на бизнисмен е поголем од која било афера досега за која сте пишувале. Сите тројца во друштвото се преправаат дека се стрејт, големи заводници, а всушност сексуално се задоволуваат еден со друг. Жената на еден од нив знае дека е во врска со бисексуалец, а за другата не сум сигурен. Но, таа не обрнува внимание на тоа и двајцата живеат повеќе од удобен живот и се швалерисуваат на страна кога ќе се укаже прилика. Начинот на живот кој навистина го живеат и како се претставени во јавноста се разликуваат како небото и земјата – вели извор на белградски Курир близок до сопруга на фудбалерот кој сака и жени и мажи.

Според него, се започнало кога синот на тој бизнисмен му предложил на фудбалер со кој се зближил преку пријател да пробаат секс. -Тој имаше девојка, но му се допадна фудбалерот и успеа да го запознае преку пријател. Малку по малку се зближија и станаа неразделни. Честото дружење на неговата сопруга и станало сомнително, па на почетокот мислела дека прават оргии со жени. Тоа е точно, но тие жени им служеа само како параван за другите пријатели кои беа со нив. Таа жена на секој начин се обидувала да ги скара, но колку полошо му кажувала на мажот за тоа момче, тој толку повеќе го бранел и повеќе се дружел и излегувал со него. Од друга страна, за да не се зборува за тоа, тие се гледаат меѓусебно и досега нивната врска е толку силна што никој не може да ги раздели, а другиот спортист само одвреме-навреме доаѓа со неговиот колега – заклучува белградски Курир.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!