Вие имате прво да ја знаете вистината

Даниел Крејг со раскрвавена глава на интервју

Британскиот глумец Даниел Крејг со филмскиот „соперник“ од „Џејмс Бонд 007: Скајфол“ – Хавиер Бардем, учествуваше во интернет-емисијата „Глумците за глумци“ (Actors on Actors) на американскиот медиум „Варајети“. Концептот тука е таков што две филмски или ТВ-ѕвезди се интервјуираат една со друга.

Откако го направија интервјуто кое трае повеќе од 20 минути, Бардем забележа дека Крејг има „нешто на челото“…

– Да ти поставам уште едно, последно прашање. Што ти се случи овде?, праша Бардем покажувајќи кон челото на својот колега.

– Каде? Дали тоа имам сендвич на мојата глава?, се пошегува Крејг.

Потоа отиде до огледало и кога се врати, ја објасни раната којашто крвавеше.

– Ми дадоа убава светилка во облик на круг и јас ставив „Ајпад“ среде неа. Само што ми падна на глава, непосредно пред интервјуво, низ смеа појасни ѕвездата од „Џејмс Бонд“ филмовите.

Бардем пак, заклучи дека тој така „го направил целото интервју“. Крејг се надоврза дека секогаш се повредува на снимањата.

– Го глумев Џејмс Бонд 17 години. Не е ни чудо што секогаш се повредувам кога снимам филм. Ако не се повредам додека снимам, не го правам тоа како што треба, додаде Крејг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!