Вие имате прво да ја знаете вистината

И Канада ги повлекува семејствата на дипломатите од Украина поради страв од руска акција

Канада објави дека привремено ги повлекува семејствата на своите дипломати во Украина поради акумулацијата на трупи на Русија на границите со источноевропската земја.

Американскиот Стејт департмент во неделата соопшти дека им наредил на членовите на дипломатските семејства да ја напуштат Украина, велејќи дека руската воена акција може да дојде во секое време.

„Поради руското воено трупање и дестабилизирачки активности во и околу Украина, решивме привремено да ги повлечеме децата од персоналот на канадската амбасада на возраст под 18 години и членовите на семејствата кои ги придружуваат“, рече канадскиот министер за надворешни работи.

Во соопштението нема други детали.

Канада, која има лоши односи со Москва по руската анексија на Крим во 2014 година, минатата недела соопшти дека на Украина ќе и понуди заем до 120 милиони канадски долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!