Вие имате прво да ја знаете вистината

Криптовалутите паѓаат, биткоинот незапирливо тоне, експертите тврдат: Ова се вистинските причини

Вредноста на најголемата и најпозната криптовалута БИТКОИН, падна за 4,3 отсто во саботата наутро, достигнувајќи го најниското ниво во последните шест месеци, од 35.127 долари за биткоин.

По постојаната надолна траекторија овој месец, биткоинот веќе изгуби речиси една четвртина од својата вредност оваа година. Блумберг, од друга страна, пресмета дека биткоинот го достигнал својот врв во ноември минатата година, надминувајќи 68.000 долари и оттогаш изгубил повеќе од 45 отсто, со што се бришеле над 600 милијарди долари пазарна вредност во тој период.

Цените на сите криптовалути генерално паѓаат бидејќи инвеститорите излегуваат од шпекулативните средства, пишува Фајненшл Тајмс. Индексот FT Wilshire, кој ги брои првите пет дигитални токени (без биткоинот), падна за 30 отсто овој месец.

Ова се случува истовремено со падот на цените на инаку високо ценетите акции на технолошките компании, а светските берзи неделава ги забележаа најголемите минуси за повеќе од една година. Инвеститорите очекуваат дека американската ФЕД, најмоќната централна банка во светот, ќе ги зголеми каматните стапки за неколку пати оваа година, што ќе влијае на можноста за заработка од помалку ризични средства како американските државни обврзници.

Што се однесува до криптовалутите, намерата на руската централна банка е да го забрани тргувањето со криптовалути и нивното ископување исто така имаше влијание врз остриот пад на цените. Нејзиниот предлог за нова регулатива, исто така, ќе ги блокира инвестициите на банките во криптовалути и ќе ја забрани размената на криптовалути во која било традиционална валута во Русија, која, според ФТ, е најголемиот центар за крипто-рударство во светот. Минатата година, Кина, по серија предупредувања, ги прогласи сите активности поврзани со криптовалути за нелегални.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!