Вие имате прво да ја знаете вистината

Минус 33,2 степени, метеоролозите во Црна Гора запрепастени: „Никогаш не сме забележале таков минус“

Рекордно ниска температура од минус 33,2 степени Целзиусови е измерена утрово во Косаница во општина Пљевља во Црна Гора, потврди за порталот Вијести, Душан Павиќевиќ, раководител на Метеоролошкиот центар на телевизијата Вијести.

Досега најниска забележана температура е во Рожаје во 1985 година и изнесувала минус 32 Целзиусови степени.

Павичевиќ рече дека во текот на денот се очекува сончево време во јужните и централните делови од земјата, на север претежно сончево време.

Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!