Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ, гостуваше на роденденот на убавата српска тенисерка Олга Даниловиќ.
Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ по агонијата и депортацијата од Австралија ги полни батериите, и ја искористи можноста да се одмори во Србија и Црна Гора.
По посетата на соседната земја, тој беше на прославата на српската тенисерка Олга Даниловиќ, која во саботата направи забава за нејзиниот 21 роденден, а Новак беше меѓу највеселите во еден белградски ресторан во центарот на градот.
Првиот рекет на светот дојде во друштво на кумот Невен Марковиќ и ја зголеми радоста на ќерката на легендарниот кошаркарски ас Предраг Даниловиќ!
Атмосферата беше одлична, а малото, но одбрано друштво уживаше во жива музика…
