Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е катастрофа, голема снежна бура ги затрупа пола Грција и Турција, тотален хаос во Атина и Истанбул (видео)

Турција и Грција ги зафати снежно невреме. Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу изјави дека во некои делови од најнаселениот град во Турција се измерени 85 сантиметри снег и дека многу патишта се затворени поради обилниот снег. Исто така, затворен е и аеродромот поради обилните снежни врнежи.

Имамоглу ги следеше активностите на АКОМ, Центарот за координација при катастрофи, и ги опиша снежните врнежи што го погодија Истанбул како „катастрофални“.

„Во некои делови на Арнавуткој, Башакшехир и Султангази измерени се длабочини на снег од 80 до 85 сантиметри. Во јужниот дел тојизнесува 50 до 60 сантиметри“, додаде градоначалникот, додавајќи дека тие се во многу тешка ситуација. , пренесува Ал Џезира .

Снегот го покри и грчкиот главен град Атина и создаде проблеми со воздушниот сообраќај на автопатот Атика Одос, обиколница околу Атина што ја поврзува со аеродромот и во моментов има стотици заробени возила.

Спасувачките тимови цела ноќ се мачеа да ослободат стотици возачи откако ураганот Елпида ја погоди Грција, а тешки армиски единици со тешка механизација учествуваа во спасувачката операција.

Запрен е и железничкиот и автобускиот сообраќај, а затворени се и станиците за вакцинација против Ковид-19 во Атина и на островот Евија. Грчката авиокомпанија AegeanAirlines ги откажа речиси сите летови освен пет, јавува Ал Џезира.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!