Вие имате прво да ја знаете вистината

Пука мразот, Норвешка од 26 јануари го укинува карантинот, туристите не мора да бидат изолирани, доволен е ПЦР – тест

Норвешка одлучи да ги укине задолжителните мерки за самоизолација за невакцинираните лица кои пристигнуваат во земјата, како и за блиски контакти со потврдени заразени лица.

Наместо тоа, како што најави владата во понеделник, ќе биде доволен тест за коронавирус.

Според сегашните мерки, секој кој доаѓа во Норвешка и нема потврда за вакцинација или закрепнување од Ковид-19 мора да оди во самоизолација најмалку три дена. Блиските контакти на заразените лица мора да бидат изолирани десет дена. Но, тоа сега се менува, пишува Ројтерс.

Како што информираат од Норвешкиот национален институт за јавно здравје, од 26 јануари годинава тоа повеќе нема да биде задолжително.

Досегашните мерки наидоа на противење во јавноста бидејќи здравите луѓе беа држени во изолација непотребно долго, што имаше особено влијание врз семејствата со деца. Од среда блиските контакти на заразените можат да живеат нормално, но условот е тие да се тестираат секојдневно 11 дена. Оние кои ќе одбијат сепак ќе мора да одат во изолација.

Патниците мора да бидат тестирани и регистрирани при пристигнувањето во Норвешка, а за оние кои немаат потврда дека се целосно вакцинирани или имаат коронавирус, негативен тест пред патувањето сè уште е услов.

Ројтерс додава дека Норвешка посочила дека задолжителните мерки за изолација може да се вратат доколку епидемиолошката ситуација се влоши или ако се појави нов и поопасен вид на коронавирус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!